Нов Завет

Ефесјаните 6:17-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово.

18. Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.

19. Молете се и за мене, кога ќе отворам уста, Бог да ми даде зборови смело да проповедам за тајната на Радосната вест,

20. иако сега сум во окови токму поради тоа што, како Божји пратеник ја проповедам Радосната вест. Молете се да продолжам смело да зборувам, како што и треба.

21. Тихик, мојот драг брат по вера и верен помошник во работата за Господ, ќе ви каже како сум и што правам.

22. Токму заради тоа го испраќам кај вас, за да ви каже што правиме ние и да ве охрабри.

23. На сите христијани таму им посакувам мир и љубов со вера што доаѓа од Бог Таткото и од Господ Исус Христос.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6