Нов Завет

Ефесјаните 6:15-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.

16. Со сето ова, понесете го штитот на верата, со кој ќе можете да ги сопрете и угасите сите огнени стрели на Злиот.

17. Ставете го спасението како шлем и земете го мечот на Светиот Дух, а тоа е Божјото Слово.

18. Постојано молете се и барајте, онака како што ве води Светиот Дух. Бидете будни и истрајно молете се за сите христијани.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6