Нов Завет

Ефесјаните 6:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот.

12. Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.

13. Затоа целосно облечете го Божјиот оклоп. Така ќе можете да издржите во зло време, па откако борбата ќе заврши, ќе останете цврсто исправени.

14. Бидете непоколебливи, препашани со појасот на вистината, облечени со штитникот на праведноста,

15. обуени и подготвени непоколебливо да чекорите, носејќи ја Радосната вест што донесува мир.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 6