Нов Завет

Ефесјаните 2:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас,

5. така што уште додека бевме мртви, удавени во нашите гревови, Тој не врати во живот. Со тоа што го воскресна Христос, ни овозможи и нам да оживееме. Вашето спасение е резултат на Божјата благонаклоност, која никој од нас не ја заслужува.

6. Значи, заедно со Исус Христос, Бог не воскресна и нас, и ни даде место на небото, веднаш до Исус, затоа што сме во единство со Него.

7. Тоа го стори за да бидеме пример во времињата што доаѓаат за Неговата огромна благонаклоност, што се покажа преку сето она што Тој го стори за нас, кои сме на страната на Исус Христос.

8. Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.

9. Никој не го заработил, па да може да се фали.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 2