Нов Завет

Ефесјаните 2:15-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Со Својата смрт Христос му стави крај на целиот еврејски систем од заповеди и правила. Преку Себе Христос создава нов човек, и од Евреин и од неевреин, изградувајќи така мир.

16. Умирајќи на крстот, и за едните и за другите, Христос го уништи непријателството што владееше меѓу нив, ги помири со Бог и ги обедини во еден народ.

17. Христос дојде и проповедаше помирување со Бог, и за вас неевреите што бевте далеку, и за нас Евреите што Му бевме близу.

18. Преку Него и вие и ние, со посредство на Светиот Дух, имаме пристап до Таткото.

19. Затоа сега вие не сте веќе туѓинци и странци, туку сограѓани на Божјиот народ и членови на Божјото семејство.

20. И вие сте изградени врз темелите што ги поставија апостолите и пророците, а Христос е ваш потпорен камен.

21. Тој целата градба ја држи цврсто поврзана и ја претвора во свет храм на нашиот Господ.

22. Соединети со Него, и вие сте дел од духовната градба во која живее Бог.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 2