Нов Завет

Ефесјаните 2:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови.

2. Живеевте грешно, онака како што живее и останатиот свет. Му се покорувавте на Ѓаволот, на оној што владее со силите во воздухот, на духот што и сега владее во оние што не Му се покоруваат на Бог.

3. Сите ние порано живеевме така. Се раководевме од нашите телесни страсти, го правевме она што го сака нашата грешна природа, преку телото и умот. Со таквата наша природа ние бевме подложни на Божјиот гнев, како и другите луѓе.

4. Но Бог е толку полн со милост, толку е голема љубовта што ја чувствува спрема нас,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 2