Нов Завет

Ефесјаните 1:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. колку е огромна силата со која Тој работи за нас кои Му веруваме. Таа сила е истата онаа моќна сила

20. со која Тој Го воскресна Христос од мртвите и Му Го додели почесното место на небото, од Својата десна страна.

21. Христос е високо над сите владетели и власти, над сите сили и господари, над секого, не само во овој свет, туку и во идниот.

22. Бог се стави под власт на Христос и Го постави за Господар над се, во полза на Црквата.

23. Црквата е Христовото тело, таа е исполнета со Христос, Кој со своето присуство исполнува се и насекаде.

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 1