Нов Завет

Ефесјаните 1:11-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Токму по заслуга на Христос и ние бевме избрани за наследници, однапред определени од Бог, Кој се прави онака како што Самиот Тој ќе реши.

12. Ние ќе ја увеличиме Божјата слава, сите ние што навреме ја положивме својата надеж во Христос.

13. И вие сте сега Божји народ. Ја слушнавте вистината, Радосната вест за тоа како можете да се спасите, и поверувавте во неа. Бог ве посвои, ставајќи го врз вас Својот печат со тоа што ви го даде Светиот Дух, токму онака како што ни беше ветено.

14. Светиот Дух е гаранција дека навистина ќе го добиеме она што Бог му го вети на Својот народ: откупување, ослободување за тие што се Негови. Тоа е уште една причина да го славиме нашиот величествен Бог.

15. Слушнав за вашата вера во Исус Христос и за љубовта што ја имате спрема сите христијани

16. и во моите молитви постојано Му благодарам на Бог за вас.

17. Го молам Бога, Славниот Татко на нашиот Господ Исус Христос, да ви даде духовна мудрост и да ви открие се за Себе, за да Го запознаете целосно.

18. Се молам вашите срца да бидат просветлени, за да согледате каква прекрасна иднина им е ветена на повиканите, да разберете какво богато и величествено наследство има Бог за Својот свет народ,

Прочитајте целосна глава Ефесјаните 1