Нов Завет

Дела Ап. 9:27-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Савле на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус.

28. Тогаш апостолите го прифатија. Савле остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ.

29. Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат.

30. Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија за Тарс.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 9