Нов Завет

Дела Ап. 9:1-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во меѓувреме Савле, со секој свој здив, претставуваше смртна закана за Господовите следбеници. Толку беше ревносен во неговата решеност да ги истреби, што отиде кај Првосвештеникот

2. и измоли од него да напише писма до синагогите во Дамаск, во кои Првосвештеникот ќе бара од нив да соработуваат со Савле во апсењето на сите следбеници на Патот што ќе ги најде таму. Савле сакаше да ги доведе во Ерусалим сите христијани, и мажи и жени, оковани во син?ири.

3. Кога се приближи до Дамаск, ненадејно блесна во него силна светлина од небото!

4. Тој падна на земјата и слушна глас, како му се обраќа: „Савле, Савле! Зошто Ме прогонуваш?“

5. „Кој сте Вие, господине?“ - праша Савле. Господ му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!

6. Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“

7. Луѓето што патуваа со него стоеја занемени, зашто слушнаа глас, а не видоа никого.

8. Савле стана од земјата, ги отвори очите, но ништо не гледаше. Водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 9