Нов Завет

Дела Ап. 8:9-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Имаше таму и еден човек по име Симон. Тој порано правеше магии и ги восхитуваше луѓето, тврдејќи за себе дека е голем човек.

10. Него го слушаа сите, од мало до големо, велејќи: „Овој човек е сила Божја - ,Голема сила‘.“

11. Тие го слушаа бидејќи долго време ги восхитуваше со магии и трикови.

12. Но кога поверуваа во она што го зборуваше Филип, кој им проповедаше за Божјото царство и за Исус Христос, сите се крштаваа, и мажи и жени.

13. Дури и Симон поверува, и се крсти. Му се придружи на Филип и се восхитуваше од чудата и од видливите докази што Филип ги правеше.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8