Нов Завет

Дела Ап. 8:30-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“

31. „Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.

32. Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо: “Беше одведен како овца на клање, молчеше како јагне на стрижење. Уста не отвори, иако беше

33. понижен и лишен од правда, кога му судеа. Кој ќе ја сфати неговата генерација која го лиши од живот на овој свет!?“

34. Потоа евнухот го праша Филипа: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“

35. Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.

36. Патувајќи така, дојдоа до една вода и евнухот рече: „Еве вода! Што ме спречува да се крстам!?“

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8