Нов Завет

Дела Ап. 8:27-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим,

28. па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија.

29. Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“

30. Филип го стаса и кога слушна како го чита пророкот Исаија, го праша: „Го разбираш ли ова што го читаш?“

31. „Како би можел да го разберам, ако некој не ми го објасни?“ - одговори Етиопјанецот, па го покани да седне до него.

32. Тој го читаше следниов дел од Светото Писмо: “Беше одведен како овца на клање, молчеше како јагне на стрижење. Уста не отвори, иако беше

33. понижен и лишен од правда, кога му судеа. Кој ќе ја сфати неговата генерација која го лиши од живот на овој свет!?“

34. Потоа евнухот го праша Филипа: „За кого го кажува ова пророкот: за себе или за некоја друга личност?“

35. Тогаш Филип, почнувајќи од тоа место во Светото Писмо, му проповедаше за Исус.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8