Нов Завет

Дела Ап. 8:19-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. и им рече: „Дајте ми ја и мене оваа моќ, та врз кого ќе положам раце, да Го прими Светиот Дух!“

20. Но Петар му одговори: „Одете во неврат и ти и твоите пари, штом мислиш дека Божјиот дар може да се купи за пари!

21. Нема за тебе место, ти не можеш да учествуваш во оваа работа, зашто се покажа дека твоето срце не е праведно пред Бог!

22. Затоа покај се што помисли таква зла работа и помоли Му се на Бог. Можеби ќе ти ја прости оваа нечесна намера,

23. зашто гледам дека си полн со горчина и окован во стегите на гревот.“

24. Тогаш Симон извика: „Молете Му се на Господ за мене, за да не ме снајде ништо од она што го спомнавте!“

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 8