Нов Завет

Дела Ап. 7:57-60 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

57. Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан.

58. Го извлекоа надвор од градот и го каменуваа. Оние што сведочеа против Стефан ги соблекоа своите горни облеки и ги оставија кај едно момче по име Савле, да им ги причува.

59. Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: „Господе Исусе, прими го мојот дух.“

60. Потоа падна на колена и силно извика: „Господе, не земај им го ова за грев!“ Го рече ова и почина.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 7