Нов Завет

Дела Ап. 7:48-51 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

48. Но Севишниот не живее во градби направени од човечка рака. Како што самиот Бог вели преку пророкот Исаија:

49. ,Небото Ми е престол, а Земјата - подножје на Моите нозе. Каков дом ќе Ми направите вие?‘ - вели Господ - ,Какво место ќе Ми најдете за Мое живеалиште?

50. Зарем не е се со Мојата рака создадено?‘

51. Вие сте тврдоглав народ! Длабоко во себе вие сте како паганите! Глуви сте за вистината! И вие, како и вашите предци, постојано Му се противите на Светиот Дух.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 7