Нов Завет

Дела Ап. 7:38-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Тој беше заедно со целиот Божји народ во пустината. Посредуваше меѓу ангелот што му зборуваше на планината Синај и нашите татковци. Притоа, тој прими зборови од животно значење и ни ги пренесе нам.

39. Но нашите предци не го послушаа, туку го отфрлија и посакаа да се вратат во Египет, по кој им беа прираснале срцата.

40. Му рекоа на Арон: ,Направи ни богови што ќе не водат, зашто не знаеме што се случи со Мојсеј, кој не изведе од Египет.‘

41. Така си направија од злато идол во форма на теле и му принесоа жртва, восхитени од својата ракотворба.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 7