Нов Завет

Дела Ап. 7:27-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Но виновникот за тепачката го турна и му рече: ,Кој те поставил тебе да ни бидеш владетел и судија!?

28. Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот!?‘

29. Кога Мојсеј го слушна ова, побегна во Мидијамската земја, каде што живееше како доселеник. Таму му се родија два сина.

30. Откако поминаа четириесет години, во пустината, близу до планината Синај, му се појави ангел во пламенот на една запалена грмушка.

31. Кога Мојсеј го виде ова, се зачуди и појде таму за да види одблизу. Тогаш го чу гласот Господов кој му рече:

32. ,Јас сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, на Исак и на Јаков!‘ Мојсеј се стресе од страв и не се осмели да погледне.

33. Потоа Господ му рече: ,Собуј ги сандалите, зашто стоиш на свето место!

34. Видов како Мојот народ е измачуван во Египет и стенкањето негово го чув. Еве, доаѓам да го ослободам. Сега, оди во Египет, како Мој пратеник!‘

35. Оној Мојсеј, кого луѓето го отфрлија, велејќи му: ,Кој те поставил да ни бидеш владетел и судија!?‘ - Бог го испрати преку ангелот што му се појави во запалената грмушка, да им биде водач и ослободител.

36. Правејќи многу чуда и видливи докази, тој ги изведе од Египет, ги преведе преку Црвеното Море и ги водеше низ пустината цели четириесет години.

37. Самиот Мојсеј му рече на израелскиот народ: ,Бог ќе ви издигне Пророк од вашите редови, како што сум јас.‘

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 7