Нов Завет

Дела Ап. 7:19-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Тој скова заговор против нашиот народ, ги мачеше нашите предци и ги принудуваше да си ги напуштаат новороденчињата, за да не останат живи.

20. Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бог. Три месеци беше одгледуван во домот на својот татко,

21. а потоа мораа да го остават, но го зеде ќерката на фараонот и го одгледа како свој син.

22. Така Мојсеј се запозна со целата мудрост на Египќаните и се стекна со големо теоретско и практично знаење.

23. Кога наполни четириесет години, му се роди во срцето желба да ги посети своите сонародници, Израелците.

24. Во текот на таа посета виде дека еден Египќанец насилно постапува со еден Евреин. Мојсеј го заштити Евреинот и во одмазда го уби Египќанецот.

25. Тој мислеше дека неговите сонародници ќе сфатат оти Бог, преку неговата рака, им праќа ослободување, но тие не сфатија.

26. Утредента виде како двајца Израелци се тепаат и се обиде да ги смири, велејќи им: ,Луѓе, вие сте припадници на ист народ! Зошто се повредувате еден со друг?‘

27. Но виновникот за тепачката го турна и му рече: ,Кој те поставил тебе да ни бидеш владетел и судија!?

28. Да не сакаш и мене да ме убиеш, како што вчера го уби Египќанецот!?‘

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 7