Нов Завет

Дела Ап. 7:18-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Но со Египет веќе владееше друг цар, кој не знаеше за Јосиф.

19. Тој скова заговор против нашиот народ, ги мачеше нашите предци и ги принудуваше да си ги напуштаат новороденчињата, за да не останат живи.

20. Во тоа време се роди Мојсеј, кој му беше мил на Бог. Три месеци беше одгледуван во домот на својот татко,

21. а потоа мораа да го остават, но го зеде ќерката на фараонот и го одгледа како свој син.

22. Така Мојсеј се запозна со целата мудрост на Египќаните и се стекна со големо теоретско и практично знаење.

23. Кога наполни четириесет години, му се роди во срцето желба да ги посети своите сонародници, Израелците.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 7