Нов Завет

Дела Ап. 7:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Тогаш Првосвештеникот го праша Стефана: „Точни ли се исказите против тебе?“

2. Стефан одговори: „Луѓе, браќа и татковци, ислушајте ме. Нашиот славен Бог му се јави на нашиот предок Авраам, додека тој се уште беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан,

3. и му рече: ,Напушти ја оваа земја, напушти ги твоите роднини и појди во земјата што Јас ќе ти ја покажам.‘

4. Тогаш Авраам ја напушти земјата на Халдејците и се насели во Харан. По смртта на неговиот татко се пресели во оваа земја во која сега ние живееме.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 7