Нов Завет

Дела Ап. 6:9-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Но еден ден, неколку припадници на синагогата наречена ?Синагога на ослободените‘ почнаа да се расправаат со него. Тие беа Евреи од Киринеја, Александрија, Киликија и од областа Азија.

10. Не можејќи да им се противстават на мудроста и на Духот со кои Стефан зборуваше,

11. тие тајно наговорија неколку луѓе лажно да го обвинат, велејќи: „Го слушнавме како зборува многу навредливи работи против Мојсеј и против Бог!“

12. Така успеаја да ги кренат на нозе народот, старешините и вероучителите, кои дојдоа кај Стефан, го фатија и го изведоа пред Врховното собрание.

13. Истапија лажните сведоци и рекоа: „Овој човек не престанува да зборува против овој храм и против Мојсеевиот Закон.

14. Го слушнавме како зборува дека Исус од Назарет ќе го уништи храмот и ќе ги измени обичаите што ни се предадени од Мојсеј.“

15. Тогаш сите што седеа во собранието се загледаа во Стефан, забележувајќи дека лицето му стана како лице на ангел.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 6