Нов Завет

Дела Ап. 5:6-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.

7. По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.

8. Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“ “Да, за толку“ - рече таа.

9. Петар и рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“

10. И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа крај нејзиниот маж.

11. Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова.

12. Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда сред народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под Соломоновиот трем, и сите беа сложни.

13. Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот.

14. Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, голем број мажи и жени.

15. Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостол Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.

16. Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.

17. Тогаш Првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,

18. па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 5