Нов Завет

Дела Ап. 4:30-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

30. Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“

31. Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака.

32. Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како за лична сопственост, туку се им беше заедничко.

33. Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет.

34. Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи ги продаваа и парите од продаденото

35. им ги даваа на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби.

36. На пример, Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба, односно ?Утешител‘ кој беше од племето на Левиј, а родум од Кипар,

37. имаше нива, и откако ја продаде, ги донесе парите и им ги предаде на апостолите.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 4