Нов Завет

Дела Ап. 4:25-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Ти, преку Светиот Дух, го поттикна нашиот прататко Давид да ги искаже следниве стихови: ,Зошто беснеат паганските народи, луѓето коваат залудни завери?

26. Цареви по Земјата се креваат и владетели се здружуваат, против Господ и против Неговиот Помазаник.‘

27. Токму тоа се случи овде, во овој град: царот Ирод Антипа, гувернерот Понтиј Пилат, пагани и Израелци, се здружија против Исус, Твојот свет Слуга, Кого Ти Го определи за Месија.

28. Но се што сторија тие претставува исполнување на она што го определија Твојата рака и Твојата мудрост.

29. Ги гледаш сега, Господе, нивните закани! Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака!

30. Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“

31. Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака.

32. Сите што поверуваа беа толку сплотени и еднодушни, што никој од нив не зборуваше за својот имот како за лична сопственост, туку се им беше заедничко.

33. Апостолите со голема смелост сведочеа за воскресението на Господ Исус, и Бог спрема сите нив беше многу благонаклонет.

34. Меѓу нив немаше сиромаси, зашто оние што имаа ниви и куќи ги продаваа и парите од продаденото

35. им ги даваа на апостолите, а тие на секого му делеа според неговите потреби.

36. На пример, Јосиф, кого апостолите го нарекоа Барнаба, односно ?Утешител‘ кој беше од племето на Левиј, а родум од Кипар,

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 4