Нов Завет

Дела Ап. 4:24-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Кога го чуја тоа, сите сложно повикаа кон Бог и рекоа: „Семоќен Господару, Создателе на небото и Земјата, на морињата и на сите суштества во нив!

25. Ти, преку Светиот Дух, го поттикна нашиот прататко Давид да ги искаже следниве стихови: ,Зошто беснеат паганските народи, луѓето коваат залудни завери?

26. Цареви по Земјата се креваат и владетели се здружуваат, против Господ и против Неговиот Помазаник.‘

27. Токму тоа се случи овде, во овој град: царот Ирод Антипа, гувернерот Понтиј Пилат, пагани и Израелци, се здружија против Исус, Твојот свет Слуга, Кого Ти Го определи за Месија.

28. Но се што сторија тие претставува исполнување на она што го определија Твојата рака и Твојата мудрост.

29. Ги гледаш сега, Господе, нивните закани! Дај им на Своите слуги смелост да ја проповедаат Твојата порака!

30. Испружи ја раката Твоја за да исцелуваш, да даваш видливи докази, чуда да се случуваат во името на Твојот свет Слуга Исус!“

31. Штом се помолија, местото на кое беа собрани се затресе и сите се исполнија со Светиот Дух, па со смелост продолжија да ја проповедаат Божјата порака.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 4