Нов Завет

Дела Ап. 4:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Додека Петар и Јован уште му зборуваа на народот, им пријдоа неколку свештеници, заповедникот на гардата во ерусалимскиот храм и неколку садукеи.

2. Тие беа многу вознемирени поради тоа што апостолите го учеа народот и, повикувајќи се на воскреснатиот Исус, тврдеа дека постои воскресение на мртвите.

3. Ги фатија и ги фрлија в затвор до следниот ден, зашто веќе беше вечер.

4. Мнозина од оние што ја слушнаа проповедта на апостолите поверуваа, па бројот на христијаните се зголеми на околу пет илјади, сметајќи ги тука само возрасните мажи.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 4