Нов Завет

Дела Ап. 3:4-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Петар и Јован го погледнаа и му рекоа: „Погледни не!“

5. Сакатиот молежливо ги гледаше, очекувајќи милостина.

6. Тогаш Петар му рече: „Немам ни сребреници, ни златници, но тоа што го имам, ти го давам: Во името на Исус Христос од Назарет, стани и ќе проодиш!“

7. Потоа го фати за десната рака и го исправи. Во истиот миг му зацврснаа стапалата и глуждовите!

8. Скокна, застана на своите нозе и почна да оди! Заедно со нив влезе во храмот, скокајќи и славејќи Го Бога.

9. Целиот народ го виде како оди и Го слави Бога.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 3