Нов Завет

Дела Ап. 3:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Секој што нема да Го послуша Тој Пророк, ќе биде истребен од Божјиот народ.‘

24. А и сите пророци, од Самоил и неговите наследници, па наваму, зборуваа токму за ова време.

25. Вие сте потомци на пророците, вие сте тие за кои Бог на вашите предци им даде завет, ветувајќи му на Авраам: ,Преку твоето потомство ќе бидат благословени сите народи на Земјата.‘

26. Штом Бог Го издигна Својот Слуга, Го испрати прво кај нас, за да ве благослови со тоа што секого од вас ќе го одврати од вашите грешни патишта.“

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 3