Нов Завет

Дела Ап. 3:11-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Сиот народ се насобра околу нив, под Соломоновиот трем. Човекот не се одвојуваше од Петар и Јован. Луѓето стоеја, стаписани од тоа што се случи.

12. Кога Петар виде дека луѓето се чудат, им рече: „Луѓе, Израелци, зошто се чудите на ова? Зошто зјапате во нас, небаре ние со своја сила или побожност направивме овој човек да прооди!?

13. Преку ова дело, Богот на Авраам, на Исак, на Јаков и на сите наши предци, Го прослави Својот Слуга Исус. Вие Го предадовте и се откажавте од Него пред Пилат, кога тој беше решил да Го ослободи.

14. Се откажавте од Светиот и Праведниот, а побаравте да биде пуштен на слобода еден убиец!

15. Зачетникот на животот Го убивте! Но Бог Го воскресна од мртвите - ние сме живи сведоци за тоа.

16. Овој човек, кого вие добро го познавате, се исцели врз основа на верата во Неговото име. Верата во Исусовото име го оздраве пред вашите очи.

17. Браќа, знам дека вие и вашите водачи го направивте тоа од незнаење,

18. но Бог на тој начин го исполни она што го беше претскажал преку сите пророци: дека Месијата испратен од Него ќе мора да помине низ овие страдања.

19. Затоа покајте се и свртете се кон Бога, за да ви бидат избришани гревовите.

20. Тогаш, присуството на Господ во вашите животи ќе ви донесе освежување и Бог ќе ви Го испрати Месијата Исус, Кој од порано ви беше претскажан.

21. Исус треба да остане на небото, се додека не дојде време Бог да обнови се, како што ни вети уште одамна преку Своите свети пророци.

22. Уште Мојсеј беше претскажал: ,Господ, вашиот Бог, ќе ви издигне од вашиот народ Пророк, како што сум јас. Се што ќе ви каже Тој - слушајте Го!

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 3