Нов Завет

Дела Ап. 28:27-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени! Со ушите одвај слушаат, а очите си ги затвораат! Не сакаат да видат, да слушнат, да разберат, па да се свртат кон Мене за да ги исцелам!‘

28. Затоа сакам да знаете дека ова спасение од Бог е испратено и за нееврејските народи и тие ќе го прифатат!“

29. (Откако го рече ова, Евреите си заминаа, жестоко препирајќи се меѓу себе.)

30. Таму Павле остана цели две години во изнајмена куќа и ги примаше сите што му доаѓаа,

31. проповедајќи им за Божјото царство и поучувајќи ги за Господ Исус Христос, слободно и непречено.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 28