Нов Завет

Дела Ап. 28:25-31 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

25. Се појавија несогласувања, па почнаа да си заминуваат, а Павле им рече: „Во право беше Светиот Дух кога преку пророкот Исаија за вашите предци рече:

26. ,Оди кај овој народ и речи му: Ќе го слушате Моето Слово, но нема да го разберете; ќе ги гледате Моите дела, но нема да ги сфатите!

27. Зашто, срцата на овие луѓе им се закоравени! Со ушите одвај слушаат, а очите си ги затвораат! Не сакаат да видат, да слушнат, да разберат, па да се свртат кон Мене за да ги исцелам!‘

28. Затоа сакам да знаете дека ова спасение од Бог е испратено и за нееврејските народи и тие ќе го прифатат!“

29. (Откако го рече ова, Евреите си заминаа, жестоко препирајќи се меѓу себе.)

30. Таму Павле остана цели две години во изнајмена куќа и ги примаше сите што му доаѓаа,

31. проповедајќи им за Божјото царство и поучувајќи ги за Господ Исус Христос, слободно и непречено.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 28