Нов Завет

Дела Ап. 27:36-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

36. Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат.

37. На бродот имаше двесте седумдесет и шест души.

38. Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.

39. Кога се раздени, морнарите видоа копно, но не можеа да препознаат за која земја се работи. Забележаа залив со достапен брег и решија да се обидат со бродот да пријдат кон брегот.

40. Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето. Ги разлабавија јажињата на кормилата, го кренаа предното платно спроти ветрот и се упатија накај брегот.

41. Но бродот удри во гребен меѓу две морски струи и предницата на бродот заринка, па не можеше да се помрдне, а задниот дел почна да напукува од ударите на брановите.

42. Војниците имаа намера да ги убијат затворениците, за да не исплива некој и да побегне,

43. но офицерот ги спречи, сакајќи да го поштеди Павле. Тој нареди оние што знаат да пливаат први да скокнат од бродот и да пливаат накај копното,

44. а другите да се спасуваат на штици и на други остатоци од бродот. Така сите се спасија и стигнаа на копното.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 27