Нов Завет

Дела Ап. 27:3-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Следниот ден пристигнавме во Сидон. Римскиот офицер Јулиус беше многу љубезен со Павле и му дозволи да отиде кај неговите пријатели, за да го снабдат со се што му е потребно.

4. Откако отпловивме оттаму, скршнавме накај Кипар, зашто ветровите не ни дозволуваа да продолжиме во планираната насока.

5. Поминавме покрај бреговите на покраините Киликија и Памфилија, па дојдовме до местото Мира во покраината Ликија.

6. Таму офицерот најде еден египетски брод од Александрија што требаше да плови за Италија и не префрли на него.

7. Долго време пловевме бавно и тешко и одвај дојдовме до брегот на Книд. Ветрот не ни дозволуваше да впловиме во Книд, па отпловивме на спротивната страна од островот Крит, заобиколувајќи го ’ртот Салмона.

8. Со голема мака го заобиколивме и дојдовме до местото наречено Добри Пристаништа, близу до градот Ласеја.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 27