Нов Завет

Дела Ап. 26:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедиш да станам христијанин!“

29. На тоа Павле му рече: „Му се молам на Бог, за малку или за многу не само Вие, туку и сите што денес ме слушате да станете такви луѓе каков што сум јас, но без окови!“

30. Тогаш царот, гувернерот, Берника и сите што седеа со нив станаа,

31. и на заминување си рекоа меѓу себе: „Овој човек нема направено ништо што би заслужувало смртна казна или затвор!“

32. А Агрипа му рече на Фест: „Ако овој човек не беше побарал да оди кај императорот, можеше веднаш да биде ослободен!“

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26