Нов Завет

Дела Ап. 26:24-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Ненадејно Фест стана и почна да вика: „Си споулавел, Павле! Од многу читање си се мрднал од умот!“

25. „Не сум споулавел, честити Фесте!“ - рече Павле. „Тоа што го зборувам е разумно и вистинито!

26. Царот Агрипа добро ги познава овие работи и затоа јас толку слободно зборувам пред него. Уверен сум дека ништо од сево ова не му е непознато, бидејќи ова не се одигруваше во некое зафрлено ќоше!

27. Верувате ли, царе Агрипа, во она што го пишале пророците? Знам дека верувате!“

28. Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедиш да станам христијанин!“

29. На тоа Павле му рече: „Му се молам на Бог, за малку или за многу не само Вие, туку и сите што денес ме слушате да станете такви луѓе каков што сум јас, но без окови!“

30. Тогаш царот, гувернерот, Берника и сите што седеа со нив станаа,

31. и на заминување си рекоа меѓу себе: „Овој човек нема направено ништо што би заслужувало смртна казна или затвор!“

32. А Агрипа му рече на Фест: „Ако овој човек не беше побарал да оди кај императорот, можеше веднаш да биде ослободен!“

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26