Нов Завет

Дела Ап. 26:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Поради ова, додека бев во храмот, група Евреи ме фатија и се обидоа да ме убијат.

22. Но се до денешен ден Бог ми беше на помош и еве стојам овде и им сведочам на сите, на обични луѓе и на моќници. Не проповедам ништо различно од она што е веќе претскажано од пророците и од Мојсеј:

23. дека Месијата требаше да настрада и дека како првовоскреснат од мртвите Тој им ја покажа светлината и на Евреите и на сите други народи.“

24. Ненадејно Фест стана и почна да вика: „Си споулавел, Павле! Од многу читање си се мрднал од умот!“

25. „Не сум споулавел, честити Фесте!“ - рече Павле. „Тоа што го зборувам е разумно и вистинито!

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26