Нов Завет

Дела Ап. 26:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Агрипа му рече на Павле: „Можеш да почнеш да ја изложуваш својата одбрана.“ Тогаш Павле ја испружи раката во знак на поздрав, и ја започна својата одбрана:

2. „Царе Агрипа, имам голема среќа што можам пред Вас да ја изнесам мојата одбрана во врска со се она за што ме обвинуваат Евреите,

3. зашто вие сте добар познавач на еврејските обичаи и расправии. Затоа ве молам внимателно да ме ислушате.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 26