Нов Завет

Дела Ап. 24:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. За тоа секогаш и секаде Ви оддаваме признание, честити Феликсе, со голема благодарност.

4. Но сега, за да не го трошам напразно Вашето време, Ве молам, знаејќи ја Вашата љубезност, накратко да ме ислушате.

5. Ние утврдивме дека овој човек е вистинска напаст, кој предизвикува препирки меѓу Евреите по целиот свет! Тој е челник на назаретската секта.

6. Се обиде дури и храмот да го оскверни, но ние го уапсивме (и сакавме да му судиме според нашиот закон.

7. Тогаш дојде полковникот Лисија и со голема војска насилно ни го одзеде,

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 24