Нов Завет

Дела Ап. 24:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. По пет дена дојде Првосвештеникот Ананија со неколку старешини и со еден адвокат по име Тертул, кој го изнесе пред гувернерот обвинението против Павле.

2. Го повикаа Павле и Тертул почна да го изнесува обвинението: “Почитуван гувернеру! Под Вашето владеење ние, Евреите, живееме во мир и спокојство. Вашата далековидост доведе до многу реформи за овој народ.

3. За тоа секогаш и секаде Ви оддаваме признание, честити Феликсе, со голема благодарност.

4. Но сега, за да не го трошам напразно Вашето време, Ве молам, знаејќи ја Вашата љубезност, накратко да ме ислушате.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 24