Нов Завет

Дела Ап. 23:31-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

31. Уште истата ноќ, војниците го одведоа Павле до Антипатрида, како што им беше наредено.

32. Следниот ден, пешаците се вратија во воената тврдина, а коњаниците го одведоа кон Цезареја.

33. Кога пристигнаа во Цезареја, му ги предадоа писмото и Павле на гувернерот Феликс.

34. Гувернерот го прочита писмото и го праша Павле од која покраина потекнува, па кога дозна дека е од Киликија

35. му рече: „Ќе те сослушам кога ќе пристигнат и твоите обвинители.“ Потоа нареди да го одведат и да го чуваат под стража во Иродовата палата.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 23