Нов Завет

Дела Ап. 23:24-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Обезбедете за Павле добиток за јавање, за безбедно да го одведете кај гувернерот Феликс.“

25. Потоа напиша писмо за гувернерот, со следнава содржина:

26. „Од Клавдиј Лисиј, до почитуваниот гувернер Феликс. Ве поздравувам!

27. Ви испраќам еден човек кого Евреите го беа фатиле и се подготвуваа да го убијат. Кога дознав дека е римски граѓанин јас отидов со војска и го ослободив.

28. Сакајќи да дознаам за што го обвинуваат Евреите, го изведов пред нивното собрание.

29. Така дознав дека го обвинуваат за работи од нивниот верски Закон, но не беше виновен за нешто што заслужува смртна казна, или затвор.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 23