Нов Завет

Дела Ап. 21:14-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. Бидејќи не успеавме да го разубедиме, замолкнавме и си рековме: „Нека биде според волјата Господова!“

15. По ова, се подготвивме и тргнавме кон Ерусалим.

16. Со нас патуваа и неколку христијани од Цезареја и не одведоа на гости кај Мнасон, каде што останавме извесно време. Тој беше од Кипар и беше еден од најпрвите Христови следбеници.

17. Кога стигнавме во Ерусалим, тамошните христијани убаво не пречекаа и се израдуваа.

18. Следниот ден Павле, заедно со нас, отиде да го посети апостолот Јаков. На средбата присуствуваа и сите старешини од црквата во Ерусалим.

19. Откако разменија поздрави, Павле подробно им раскажа што се Бог направи преку него меѓу нееврејските народи, во текот на неговата мисија.

20. Кога го ислушаа, му благодарија на Бог. Потоа му рекоа на Павле: „Брате, ти гледаш колку илјадници Евреи станаа христијани и сите тие многу ревносно се придржуваат кон Мојсеевиот Закон.

21. Тие чуле дека ти си ги поучувал Евреите кои живеат меѓу нееврејските народи да го напуштат Мојсеевиот Закон, односно да не ги обрежуваат своите машки деца и да не се придржуваат до обичаите.

22. Што ќе правиме сега? Тие сигурно ќе разберат дека си дошол овде.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 21