Нов Завет

Дела Ап. 20:22-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Сега Светиот Дух ме тера да одам во Ерусалим. Не знам што ме чека таму.

23. Знам само дека Светиот Дух ми има кажано оти во секој град ме чекаат затвори и страдања.

24. Но тоа не ме плаши. Мојот живот би немал вредност доколку не го искористам за да ја извршам мисијата што ми ја довери Господ Исус: да им ја проповедам на луѓето Радосната вест за Божјата милосрдна благонаклоност.

25. Сега знам дека никој од вас со кои живеев и ви проповедав за Божјото царство нема повеќе да ме види.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 20