Нов Завет

Дела Ап. 20:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога стивна вревата, Павле ги собра христијаните од Ефес и ги охрабри. Се збогува со нив и тргна за Македонија.

2. Патем, во сите градови низ кои поминуваше, со многу проповеди ги храбреше христијаните. Потоа замина за Грција.

3. Таму остана три месеци. Токму кога се подготвуваше да тргне на пловидба кон Сирија дозна дека група Евреи коваат заговор против него. Затоа реши да се врати преку Македонија.

4. На тој пат го придружуваа: Сопатер, синот на Пир од Верија, Аристарх и Секунд, од Солун, Гај од Дерба, Тимотеј, како и Тихик и Трофим од областа Азија.

5. Тие отидоа пред нас и не чекаа во Троада.

6. Откако заврши празникот на Бесквасните лебови, ние отпловивме од Филипи и по пет дена им се придруживме во Троада. Таму останавме седум дена.

7. Во неделата бевме собрани на Причест, а Павле ги поучуваше насобраните, па ја одолжи проповедта се до полноќ, зашто следниот ден се подготвуваше да замине.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 20