Нов Завет

Дела Ап. 2:42-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

42. Тие се посветија на учење од апостолите, на заедничките собири, на редовно учество на Господовата вечера и на молитви.

43. Кај народот се појави страв, зашто апостолите правеа многу чуда и видливи докази.

44. Сите христијани се здружија и се што имаа им беше заедничко.

45. Ги продаваа своите имоти и наследства и на секого му даваа според неговите потреби.

46. Секој ден се собираа во храмот, сложни и посветени. Организираа Господова вечера по домовите и секој ја делеше својата храна со другите, радосно и со чисто срце.

47. Го славеа Бога и беа омилени кај сите луѓе. А Господ секојдневно им придодаваше новоспасени души.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 2