Нов Завет

Дела Ап. 2:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Кога дојде празникот Духовден, сите христијани се собраа на едно место.

2. Тогаш ненадејно од небото се чу бучава како од силен виор. Бучавата ја исполни целата куќа каде што беа собрани.

3. Се појавија одвоени јазици, како од оган, и се спуштија врз секој од нив.

4. Сите се исполнија со Светиот Дух и почнаа да зборуваат на различни јазици, како што им даваше способност Светиот Дух.

5. Во тоа време во Ерусалим престојуваа побожни Евреи дојдени од секој народ под небесниот свод.

6. Кога ја слушнаа бучавата, мнозина дотрчаа да видат што се случува и се збунија, зашто секој ги слушаше христијаните како зборуваат на неговиот јазик!

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 2