Нов Завет

Дела Ап. 19:37-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

37. Овие луѓе, што сте ги довеле овде, ниту го ограбиле храмот, ниту пак зборувале против нашата божица.

38. Ако Димитри и занаетчиите што се со него имаат некакво обвинение против овие луѓе, постојат судови и судии, па таму нека се судат.

39. Ако имате некои други поплаки, тие мора да бидат разрешени на легалното градско собрание.

40. Постои опасност Римјаните да не обвинат дека креваме бунт. Нема никаква причина да создаваме вакви немири.“

41. Откако го рече ова, го распушти собирот и луѓето се разотидоа.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 19