Нов Завет

Дела Ап. 19:20-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. Така пораката за Господ брзо се ширеше и јакнеше.

21. По овие настани, поттикнат од Светиот Дух, Павле реши да ги посети Македонија и Ахаја, па да замине за Ерусалим. „А потоа,“ - рече тој - „ќе треба да го посетам и Рим.“

22. Ги испрати во Македонија двајцата свои помошници, Тимотеј и Ераст, а тој уште некое време остана во Азија.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 19