Нов Завет

Дела Ап. 18:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Потоа Павле отпатува од Атина за Коринт.

2. Таму се сретна со еден Евреин по име Акила, родум од Понт. Тој, заедно со својата жена Присцила, неодамна беше пристигнал од Италија, бидејќи императорот Клавдиј беше наредил сите Евреи да го напуштат Рим. Павле отиде кај нив,

3. и бидејќи го знаеше нивниот занает - изработка на шатори - тој остана кај нив и заедно работеа.

4. Секоја сабота Павле одеше во тамошната синагога и им проповедаше и на Евреите и на Грците.

5. Кога Сила и Тимотеј пристигнаа од Македонија, Павле уште поревносно им проповедаше на Евреите дека Исус е Месијата што Го чекаат.

Прочитајте целосна глава Дела Ап. 18